Екипата на Алборг е решена да изгради квалитетен тим за 2022 година. Данскиот тим планира купување на скандинавски ракометари. Чекор по чекор, клубот ќе се комплетира и ќе има високи амбиции.
По Микел Хансен, клубот во своите редови планира да го доведе и Мадс Менса Ларсен. Веќе во данските медиуми се шпекулира дека репрезентативецот на Данска е пред потпис со Алборг.
Мадс Ларсен моментално е член на Фленсбург, а договорот му истекува на крајот на мај, 2022 година. Ларсен две сезони го носеше дресот на Алборг, од 2012 до 2014 година. Во Фленсбург пристигна од екипата на Рајн Некар Левен.
Искусниот ракометар од 2011 година е репрезентативец на Данска. Денес звездата на светскиот ракомет, Микел Хансен, стави потпис на својот договор со Алборг. Хансен во Алборг ќе пристигне во 2022 година од францускиот шампион, ПСЖ.
Покрај Ларсен, од летото 2022 година, во Алборг се очекува да пристигнат и репрезентативците на Шведска, Јеспер Нилсен и Макс Дарч, кои во моментов настапуваат во Бундес лигата, во Рајн Некар Левен и Бергишер.