По Микел Хансен, Никлас Ландин, уште еден дански репрезентативец ќе игра во Алборг од следното лето.
Станува збор за кружниот напаѓач Симон Халд, кој во моментов е дел од бундеслигашот Фленсбург и кој се обврза на договор до 2028 година.
Ова е камбек на Халд во тимот на Алборг каде што играше од 2013 до 2018 година, а првото и единствено интернационално искуство му е во Фленсбург.
„Едвај чекам да се вратам дома во Алборг и да истрчам пред навивачите во Шпаркасен Арена. Алборг ми значи многу, секако дека го следев клубот откако замина. Импресиониран сум како се развиваа во последните сезони и сакам да бидам дел од тоа“, вели Халд.
Пред да се врати во татковината, Халд ќе го одработи договорот со Фленсбург, кој истекува следното лето, а оваа сезона германскиот тим обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на шампионите по елиминацијата на ПИК Сегед.