Ракометарите на Алборг остварија сигурна победа во 10. коло од групата А во Лигата на шампионите откако на гостински терен ја совладаа екипата на Елверум со 28:34.
После израмнетиот почеток Алборг ја преема контролата на играта и резултатот. Кристенсен и Клар реализираа за водство на гостите од 7:10. До крајот на првиот дел Елверум не успеа да одговори на играта на Алборг и на полувреме губеше 12:16.
Во второто полувреме Алборг продолжи да игра доста разноврсно и квалитетно. Екипата од Данска погодуваше од сите позиции и без многу проблеми ја одржуваше позитивата. Во 40. минута Алборг поведе и со шест гола кога беше 14:20.
До крајот на натпреварот сите обиди на Елверум да се врати во игра Алборг лесно ги одби и славеше туринска победа. Најефикасен во екипата на Елверум беше Доминик Мате со седум погодоци, додека во екипата на Алборг Клар и Бјорнсен беа најефикасни со по шест гола.