Ракометарите на данскиот претставник Алборг остварија уште една убедлива победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен го совладаа лесно ППД Загреб со високи 38:29.
Алборг многу рано успеа да дојде до висока предност која потоа се покажа како недостижна за противникот. После само десет минути игра беше 12:6, а така се развиваше натпреварот и до крајот на првите 30 минути кога домашниот тим имаше водство 22:14.
Уште по првиот дел веќе беше решен победникот, а во продолжението Загреб немаше решение за играта на Данците. Домашниот тим рутински го контролираше резултатот, имаше највисоки 14 гола предност и без многу проблеми ја оствари шестата победа во Лигата на шампионите.
Најефикасен во победничкиот тим беше Себастијан Бартхолд со девет погодоци, а Марк Страндгард постигна осум гола за Алборг. Во екипата на ППД Загреб, Сењамин Буриќ со шест гола беше прв стрелец додека Филип Вистороп погоди петпати.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б
ТАБЕЛА