Алборг без најдобриот стрелец ја продолжува борбата за титулата

Младиот член на Алборг, Мадс Хоксер, предвреме ја заврши оваа сезона. Данскиот вицепрвак соопшти дека Хоксер има повреда на менискусот на десното колено.

Хоксер, кој моментално е најдобар стрелец на Алборг во данскиот шампионат, мора да оди на операција.

На неговата позиција, десен бек, настапуваат уште Лукас Сандел и Мартин Ларсен. Алборг се наоѓа во незавидна позиција во борбата за титулата во националниот шампионат.

Данскиот богат клуб на првиот дуел од плеј-оф фазата одигра реми против Есбјерг, додека во минатото коло беше неочекувано поразен од Скјерн.

Како што е веќе познато, повреден во Алборг ѐ и Јеспер Нилсен, додека Микел Хансен одлучи привремено да се повлече поради симптоми на стрес.