Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, данскиот вицепрвак Алборг, најверојатно на почетокот на сезоната ќе настапува без големиот талент Томас Арнолдсен.
Младиот ракометар, кој во неговата татковина го сметаат за „новиот“ Микел Хансен. побарал од неговиот клуб пауза на одредено време за да може да се лекува поради симптоми на стрес.
До почетокот на натпреварите од Лигата на шампионите остануваат уште две недели и се уште не е познато колку ќе паузира младата ѕвезда, но најверојатно ќе ги пропушти првите натпревари.
Неговиот нов клупски колега Микел Хансен исто така паузираше одреден временски период поради симптоми на стрес.
Арнолдсен минатата сезона беше гостин во Битола со неговиот довчерашен клуб Архус и на двата дуели со битолчани постигна вкупно девет гола.
Алборг првиот дуел со Еурофарм Пелистер го игра на 20 септември во Данска, додека реванш дуелот е закажан за 28 февруари следната година.
Шампионатот во Данска започнува на 2 септември, а во првото коло Алборг го пречекува незгодниот Скерјн.