Ракометарите на Вардар полесно од очекуваното дојдоа до победа над Алкалоид со 31:22 во второто полуфинале од Купот на Македонија.
Актуелниот бранител на Куп трофејот во финалето ќе се соочи со Еурофарм Пелистер, кој во првото полуфинале немаше никаков проблем против Пролет.
Кружниот напаѓач Вардар, Михаил Аларов, ги сподел исвоите впечатоци по победата над Алкалоид.
,,Одигравме одлично во одбраната, не ја направивме грешката од Автокоманда и имавме силен старт, тука ни помогна и Томовски, не подигна во одбраната, не направивме многу грешки, бевме фокусирани во дуелот и одигравме според договореното. Немаше некоја новина во играта кај Алкалоид, играат ист стил, ние бевме подготвени на тој начин да играме, односно да се браниме. Што се однесува до мојата минутажа, чекор по чекор напредувам и се надевам дека ги исполнувам барањата на тренерот”, изјави Аларов.
Финалето меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра в сабота, со почеток од 18:00 часот.
Вардар ќе го брани Куп трофејот, Алкалоид беше немоќен пред „црвено-црниот“ налет!