Министерството за спорт и образование на Франција го соопшти износот на паричната награда за идните медалисти на Олимписките игри во Токио.
Француските освојувачи на златните олимписки медали ќе добијат по 65.000 евра, додека за оние кои ќе освојат сребрен медал се предвидени 25.000 евра. Утешни 15.000 евра ќе имаат освојувачите на бронзените медали.
Наградите исто така ќе важат и за параолимписките спортисти. Но, сите награди и бонуси ќе подлежат на данок на доход.
Машката селекција на Франција на Олимписките игри во Токио за противници ги има Норвешка, Германија, Бразил, Шпанија и Аргентина во рамките од А групата. Женската репрезентација силите ќе ги одмери со Шпанија, Унгарија, Бразил, Шведска и Русија во рамките од Б групата.