За да може своето ракометно искуство денеска да го сподели со ракометарките Милева Велкова повеќе од две децении ја градeше својата играчка кариера. Уште на првите тренинзи ќе добие еден болен удар, кој ќе и биде главен мотив низ целата кариера.
„Ракомет почнав да играм на 14 години, кога престанав да тренирам пинг-понг. Првите две години тренирав во локалниот клуб Слога. Кога почнував да играм ракомет бев полничко дете и на првиот тренинг дојде претседателот на клубот чија ќерка беше меѓу најталентираните играчи во екипата. Ме погледна и ми рече ’Ако ти станеш играч, јас ќе станам поп’. Бев дете од 14 години и толку ме повредија тие зборови, тоа ми беше толку болно и се врежа во мене засекогаш. Потоа секогаш кога ми беше тешко, особено на подготовки ги имав на ум и ми беа како мотив да истраам. Многу години подоцна кога ставив крај на кариерата, последен меч одиграв за репрезентација на Македонија и направив дрес, кој го однесов и го закачив во клубот каде што почнав да играм. Бевме во екипата на ’Велкова 5’ на еден турнир во моето родно место и кога го освоивме турнирот пред сите го именував претседателот и реков дека тој човек рече дека јас никогаш нема да станам играч. Тогаш тој стана и му одговори: ’Ти стана играч ама јас нема да станам поп’. Неговата ќерка се најде само на поширок список на репрезентација, а јас играв и за Југославија и за Македонија“, раскажува Милева Велкова во викенд-интевјуто за 24ракомет.
Во продолжение прочитајте го интервјуто.
ИНТЕРВЈУ МИЛЕВА ВЕЛКОВА: ’Ѓорче Петров’ не смее да оди во заборав!