Машката репрезентација на Македонија со реми се врати од тешкото гостување во Злин кај Чешка, 24-24, и од нула ќе почне реваншот в недела во Скопје.
Ако нашата селекција успее да обезбеди место на Мундијалот во Полска и Шведска, тогаш ќе биде во вториот шешир пред ждрепката што би донело можност за убав успех.
Викендов ќе финишираат европските квалификации, па ќе остане да се одиграат уште првенството на Северна Америка и Кариби од 26 јуни до 1 јули во Мексико и првенството на Африка од 11 до 18 јули во Египет.
Ждрепката е закажана на 2 јули.
шешир 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд/Австрија, Германија/Фарски Острови, Африка 1
шешир 2: Хрватска/Финска, Катар, Белгија, Португалија/Холандија, Бразил, Црна Гора/Грција, Полска, Македонија/Чешка
шешир 3: Србија/Словенија, Унгарија/Израел, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3
шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2
Домаќините на СП, Полска и Шведска, веќе распределија дел од репрезентациите што имаат обезбедено мундијалски билет по градовите домаќини. Шпанија и Норвешка ќе играат во Краков, додека Полска во Катовице. Шведска ќе игра во Гетеборг, додека Данска во Малме.
Мундијалот во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари.
група А (Краков) – Шпанија
група Б (Катовице) – Полска, Франција/Африка 1*
група Ц (Гетеборг) – Шведска
група Д (Јончепинг) – Исланд*
група Е (Катовице) – Германија*
група Ф (Краков) – Норвешка
група Г (Кристијанштад) – Хрватска*, Франција/Африка 1*
група Х (Малме) – Данска