Ракометниот сојуз на Хрватска го усвои финансикиот план за 2020 година во кој една од најзначајните ставки е наградата за пласман на Олимписките игри во Токио. Доколку репрезентативците на Хрватска обезбедат пласман ќе добијат награда од 200 илјади евра.
Хрватска веќе има обезбедено квалификации за ОИ во кои ќе игра со Франција и уште по една репрезентација од Африка и Европа. Втора варијанта за пласман во Токио е да станат европски шампиони на претстојниот шампионат.
Во минатото Хрватска има големи успеси на олимписките турнири, тие го освоија златниот медал во 1996 година во Атланта и 2004 година во Атина. На ОИ во Лондон 2012 година се закитија со бронзен медал.