Ракометарите на Еурофарм Пелистер пред фантастичната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ го декласираа грчкиот шампион АЕК Атина со 11 гола разлика, 30:19, во натпревар од последното коло од групната фаза во Лига на Европа.
Избраниците на Жељко Бабиќ очекувано ја оправдаа улогата на фаворит и со висока победа го заверија второто место во Групата Д.
Ракометарите на АЕК беа немоќни во секој поглед посебно во второто полувреме кога одвреме-навреме постигнуваа погодоци.
Доколку не го гледавте овој натпревар тогаш можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
Можете да го погледнете и најдоброто од оваа средба во три минути. Тоа може да го направите на следниот ЛИНК.