Ако нема лепак, тогаш има проблеми: Комични ситуации на СП во Македонија (ВИДЕО)

Светското првенство за кадетки, кое се одржува во Македонија, е  првото официјално натпреварување организирано од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) на кое се игра со топка без лепак D60 PRO од јапонскиот бренд Молтен.

Како што е веќе познато, лепакот на играчите им помагаше да имаат подобра контрола врз топката.

На кадетскиот Мундијал во Македонија поради играњето без лепак, имаше неколку комични ситуации во натпреварите од првото и второ коло.

Првата се случи на дуелот меѓу Франција и Шпанија, а втората на средбата меѓу Македонија и Узбекистан.

Погледнете…