Македонија не доби шанса да се бори за место на Светското првенство во Египет поради откажаните бараж двобои, но останува уште надеж дека нашата репрезентација може да биде дел од Мундијалот.
РФМ аплицираше за вајлд-карта, но таква добија Русија и Полска, па сега останува да се надеваме дека доколку не се играат квалификациските турнири во Северна Америка и Кариби, односно Средна и Јужна Америка, ИХФ да додели уште вајлд-карта и уште едно место за Европскиот континент.
Доколку го добие местото на Северна Америка и Кариби, Македонија би се нашла во групата Е со Франција, Австрија и Норвешка, а доколку добие вајлд-карта поради евентуално откажан квалификациски турнир во Јужна Америка, нашите момци би играле со домаќинот Египет, Чешка и Шведска во групата Г.
Мундијалот во Египет ќе се игра од 14 до 31 јануари.
Извлечени групите за СП: Египет со Парондо против Чешка и Шведска, Русија против Белорусија