Германскиот репрезентативец Андреас Вулф, би можел да се врати во редовите на Кил, каде што бранеше од 2016 до 2019 година.
Полскиот Келце, со кој Вулф има долгорочен договор до 2028 година, има големи финансиски проблеми, и многу веројатно во иднина нема да ѕвезден ростер.
„Ако светлата се изгаснат во Келце, Бундес лигата ќе биде прва адреса за нас“, вели менаџерот Саша Братиќ за „Килер Нахрихтен“.
Кил во моментов ги има Ландин и Мрква, но Данецот си оди, а доаѓа Французинот Жерар.
Вулф вели дека би сакал да остане во Келце, но…
„Секако дека би сакал да останам во Келце, но има работи на кои јас не можам да влијаам како ќе се одвиваат во иднина. Се надевам дека клубот ќе најде нови спонзори и ќе ги реши сите проблеми“, вели Вулф за германските медиуми.
Од Келце досега замина десниот бек Недим Ремили, додека останатите ракометари би требало да останат најмалку до крајот на сезоната.