Градот Кањас планира да поднесе тужба против Ракометната федерација на Шпанија доколку продолжи сезоната во Асобал лигата, а тимот од овој град ја напушти лигата.
Клубот се наоѓа на дното и доколку сезоната финишираше можеби ќе имаше шанси за да обезбеди опстанок.
„Ќе испратиме жалба до Судот и ќе бараме следната сезона да не почне додека не се реши овој случај. Натпреварувањето мора да биде комплетирано целосно за некој да испадне од лигата или сите екипи треба да останат во лигата и следната сезона“, вели претставник на Кањас.
Во соопштението се вели дека Швајцарија, Австрија, Белгија, Шведска, Норвешка, Германија, Словенија и Полска веќе се согласија дека ниту еден тим нема да ја напушти лигата и дека сите ќе продолжат да играат во најсилната лига и во новиот шампионат.
Оттаму останува да се види како ќе финишира сезоната во Асобал и дали ќе дојде до барање на правдата пред судовите.