Откако беше договорено Европското првенство за сениорки да се одржи само во Данска во Колдинг и Хернинг веќе почнаа да се објавуваат процедурите кои ќе мора да бидат поминати за да може да се биде дел од овој шампионат.
Интересен момент има за новинарите кои ќе треба да имаат и солиден буџет со себе бидејќи ќе мора да направат 3-4 тестирања за Ковид 19 кои се плаќаат.
Според правилникот во Данска можеда се отпатува содва негативи ПЦР тестови од кои вториот не смее да биде постар од 72 часа.
Притоа веднаш после пристигнувањето во Данска мора да биде направен тест на тест-станиците кои ќе бидат во салите Сидбанк Арена во Колдинг и Јиске Банк Боксен во Хернинг.
Воедно за да се продолжи важноста на акредитацијата ќе мора тестови да се прават на секои пет дена, а објавена е и сумата која ќе треба да се плати. За тест при кој резултатот ќе се добие за 24 часа сумата е 18,12 евра, додека за да се добие резултатот за само два часа ќе мора да се плати 60,41 евра.
Ова ќе биде навистина тешко првенство така што и новинарите нема да имаат лесна задача бидејќи покрај тоа што ќе известуваат ќе мораат и постојано да мислат на тестирање.