Ако играше „КОРОНА“ репрезентација на ЕП, еве како ќе изгледаше – Вулф, Стоилов, Палмарсон…

Секојдневните позитивни тестови на ракометарите и членовите на стручните штабови на селекторите им создаваат големи проблеми и до самиот почеток на натпреварот не знаат со кои играчи ќе настапат.

Некои тимови заради заразени играчи со корона се речиси половина изменети од почетните состави пред почетокот на првенството.

Рускиот сајт „Брз Центар“ избра идеален тим со по два играчи на секоја позиција од ракометарите кои беа заразени со коронавирус во текот на првенството.

ДЕСНО КРИЛО

НИКЛАС ЕКБЕРГ (ШВЕДСКА)

Еден од најдобрите играчи на Шведска доби позитивен резултат пред натпреварот со Русија на 19. јануари. Особено добредојден во тимот на Солберг би бил за натпреварот со Норвешка на 25. јануари кога ви требало да се врати во тимот.

ТИМО КАСТЕНИНГ (ГЕРМАНИЈА)

Кастенинг имаше одлично издание на првиот натпревар за Германија и постигна девет гола, но исто така беше и меѓу првите зарезени играчи од неговиот тим. Тој имаше позитивен тест на 17. јануари и наскоро може да се врати во тимот на Германија.

ДЕСЕН БЕК

КАИ ХЕФНЕР (ГЕРМАНИЈА)

Хефнер на два натпревара постигна 11 погодоци и е важна алка во тимот на Германија. Тој се зарази во исто време со Кастенинг и наскоро се очекува да се врати во екипата.

ИСО СЛАЈТЕРС (ХОЛАНДИЈА)

Слајтерс пред само три дена доби позитивен резултати и најрано што може да се врати на теренот е на 26. јануари за дуелот со Хрватска.

ПИКЕР 

СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ (МАКЕДОНИЈА)

Стоилов на првенството го одигра само првиот натпревар против Словенија, а ги пропушти дуелите со Црна Гора и Данска и сигурно беше голе хендикеп за слекторот Лазаров што не можеше да смета на искусниот пикер.

МАКС ДАРЈ (ШВЕДСКА)

Дарј е главниот дефанзивец во тимот на Шведска и неговото отсуство голем проблем за тимот. Тој беше меѓу првите заразени и веќе му помина карантинот па би можеле да го видиме на следните натпревари на Шведска.

СРЕДЕН БЕК

АРОН ПАЛМАРСОН (ИСЛАНД)

Искусниот плејмејкер и носител на играта на Исланд може да биде клучен за успехот на репрезентацијата, неговото отсуство од тимот може многу да ги чини Исланѓаните. Палмарсотн најрано може да се врати на теренот на дуелот со Црна Гора.

ЛУКА ЦИНДРИЌ (ХРВАТСКА)

Циндриќ се зарази уште пред почетокот на првенството и го пропушти само дуелот со Франција. Беше во тимот на клучниот меч со Србија, можеби недоволно подготвен но неговото искуство е многу важно за тимот.

ЛЕВ БЕК

СЕРГЕЈ МАРК КОСОРОТОВ (РУСИЈА)

Најдобриот стрелец на Русија во првата фаза е голем хендикеп за Петковиќ и неговиот тим откако непосредно пред почетокот на главната рудна доби позитивен текст.

ВЛАДИСЛАВ КУЛЕШ (БЕЛОРУСИЈА)

Позитивниот резултат на тестот на Кулеш имаше големо влијание на резултатот на натпреварот со Полска. Кулеш и понатаму е во карантин во Словачка и ќе остане најмалку до 23 јануари.

ЛЕВО КРИЛО 

ДАВИД МАНДИЌ (ХРВАТСКА)

Хрватска е една од репрезентациите со најмногу проблеми заради коронавирусот. Давид Мандиќ откако доби син картон, веќе за вториот натпревар доби позитивен тест. Потоа се утврди дека се измешани резулттите со друг играч, но потоа и вистински се зарази.

БЈАРКИ ЕЛИСОН (ИСЛАНД)

Во пресрет на дуелот со Данска селекцијата на Исланд го загуби еден од најефикасните играчи. Можното враќање на Елисон на теренот е за дуелот против Црна Гора на 26. јанаури.

ГОЛМАН

АНДРЕАС ВУЛФ (ГЕРМАНИЈА)

Во пресрет на најважните натпревари Германија остана без надобриот голман што беше голем удар за тимот. Вулф е во изолација од 17. јануари и за неколку дена би можел да се врати на теренот.

ДЕНИС ШЕЛЕКЕНС (ХОЛАНДИЈА)

Холандија имаше вистински пех со голманите, сите имаа позитивни тестови па дури и тренерот на голмааните. Затоа селекторот мораше да повика замена која на крајот се покажа одлично.

ТРЕНЕР

ГИЈОМ ЖИЛ (ФРАНЦИЈА)

Вирусот не пропушти да ги зафати и тренерите, првиот пропуштен меч на Жил беше дуелот со Исланд и неизвесно е кога ќе се врати на клупата на Франција. Засега го менува неговиот помошник Ерик Мате.