Португалскиот репрезентативец Луис Фраде потпиша договор со Барселона од сезоната 2021/22 година, но каталонскиот гигант го бара една година порано од предвиденото
Спортски весник „Рекорд“ откри дека Чави Пасквал инсистира кружниот напаѓач да го има во ростерот покрај Седрик Сорендо и Лудовик Фабрегас, но се чини дека тоа нема да биде лесно.
Спортинг и Барселона веќе ги започнале преговорите за трансферот на Фраде една година порано, а португалскиот тим бара дури 150.000 евра.
Тимот од Лисабон го напуштија Јонеа, Никчевиќ, Вујин и тренерот Анти, а низ тамошните медиуми се шпекулира за финансиски проблеми, па оштетата од трансферот на Фраде сигурно добро би му дошла на Спортинг.