Трнлив е патот до СП, Македонија ги добива ривалите во баражот

По одигрувањето на полуфиналните натпревари на ЕП, голем дел од репрезентациите веќе започнаа со плановите за Мундијалот следната година во Полска и Шведска.

Селекциите од 16 до 24 место на ЕП, меѓу кои и Македонија која заврши на 22 место, ќе бидат во првиот шешир односно во делот на носители пред ждрепката за првиот бараж. Таа ќе се одржи во Будимпешта со почеток во 14:30 часот.

Нивни можни ривали се селекциите на Швајцарија, Романија, Грција, Белгија, Финска, Естонија, Израел, Фарски Острови и Италија. Двомечот од бараж 1 ќе се игра кон средината на март.

Победниците од бараж 1 ќе се најдат во шеширот 2, односно оној на неносители и ќе играат против селекциите пласирани од 6 до 15 место со исклучок на Полска.

Репрезентациите што ќе освојат медали на ЕП 2022 директно одат на Мундијалот, но со оглед на тоа што Данска и Шведска кои имаат директен пласман на СП се во полуфиналето и петтото место на Норвешка носи пласман на Мундијалот. Останатите девет места за Европа ќе се пополнат преку баражите.

Квалификации за СП 2023:

Бараж 1, 14-20 март

шешир 1: Украина, Босна и Херцеговина, Македонија, Литванија, Словенија, Португалија, Белорусија, Австрија, Словачка

шешир 2: Швајцарија, Романија, Естонија, Финска, Израел, Фарски Острови, Италија, Белгија, Грција

Бараж 2, 11-17 април

шешир 1: Србија, Чешка, Унгарија, Русија, Црна Гора, Хрватска, Холандија, Германија, Исланд

шешир 2: девет победници од бараж 1