Македонските тимови Вардар и Еурофарм Пелистер првите официјални натпревари пред стартот на новата сезона ќе ги имаат на крајот на август.
Вардарци и пелистерци ќе играат во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига, на домашен терен ќе бркаат место на Ф4 во Задар.
Ривал на Вардар е хрватскиот Нексе Нашице, а мечот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 23 август од 20:15 часот, додека битолчани ќе се соочат со Мешков Брест на 25 август од 20:15 часот во „Боро Чурлевски“.
Доколку ги минат четвртфиналните пречки, двата македонски тима нема да играат меѓусебе на завршниот турнир во Задар.
Ако Вардар и Загреб обезбедат место на Ф4, тогаш Тимур Дибиров би можел веднаш да игра против довчерашниот клуб.
СЕХА лига, четвртфинале:
- Татран Прешов – Веспрем
- Вардар – Нексе Нашице
- Војводина – Загреб
- Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
СЕХА лига, полуфинале:
- Татран Прешов – Веспрем / Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
- Вардар – Нексе Нашице / Војводина – Загреб