Еден од најдобрите поранешни репрезентативци на Шанија, Алберто Ентрериос остави голем траг во националниот тим. Потврда за тоа е што неговиот дрес со број 2 е повлечен од репрезентацијата.
Ентрериос кариерата ја заврши пред четири години, а од минатата сезона тој ја предводи екипата на Нант. Интересно е што во минатото тој беше соиграч на Лазаров, а потоа му стана тренер во Нант.
Во интервју за шпанскиот „АС“, Ентрериос говореше за можноста да го тренира неговиот брат Раул.
„Гордост е што велат дека сум најдобриот репрезентативец на Шпанија, но не е така. Тешко е да се најдам и во најдобрие седум, има многу играчи. Погледнете ги бројките, мојот брат Раул има повеќе титули од мене и постигнато нешто што јас никогаш не сум имал, затоа сметам дека е подобар од мене. Пресреќен сум заради можноста да го тренирам мојот брат. Тој доколку не продолжи со Барселона ќе дојде во Нант. Сепак, мислам дека ќе остане во каталонскиот клуб“, рече Алберто.
Раул Ентрериос одлучи да ја продолжи својата кариера за уште една година, и после толку години најверојатно ќе ја заврши во Барселона. Но не е исклучена можноста да се пресели кај својот брат. Нант предводен од Алберто Ентрериос сезоната ја заврши на вротото место во францускиот шампионат и очекува покана од ЕХФ за настап во Лигата на шампионите.