Францускиот интернационалец Вилијам Акамбре ја игра првата и последна сезона во дресот на Мешков Брест.
Некогаш големиот талент на францускиот ракомет летово ќе ја заврши авантурата низ Европа и по настапите за Мешков, Целје и Весрем, ќе се врати во татковината.
Тој за белоруските медиуми ја пренесе атмосферата во соблекувалната на Мешков Брест и се пожали дека се слуша само балканска и руска музика.
„Музика се слуша пред секој натпревар. Но ниту рок, ниту хип-хоп. Најчесто ечат руски и балкански песни. Сите балканци во Мешков Брест уживаат во песните на Словенката Сенида Хајдарпашиќ. Таков репертоар не е за мене – има многу песни за љубовта. Јас секогаш се шегувам и велам дека затоа нема ниеден познат балканец во светот на музиката. Немам ништо против таквата музика, но навистина морам да ја слушам цело време. Задолжени за тоа се Дарко Ѓукиќ и Никита Ваилупов“, вели Акамбре.
Тој откри и каква музика се слушало во соблекувалните на ПСЖ, Целје и Веспрем.
„Во ПСЖ најчесто се слушаше шпанска музика, додека во Целје и Веспрем, најчесто балканска музика. Но таму на повеќето ракометари не им беше важно каква музика се пушта“, заврши Акамбре.
Во новата сезона францускиот лев бек ќе игра во Екс ан Прованс.