Новиот суперлигаш Аеродром продолжува со пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.
По двата меча со косовскиот тим Раховец, избраниците на Дарко Петровски одиграа контролен дуел со Мулти Есенс кој го загубија со 31-30, иако беа во егал во најголем дел од мечот.
Гостин на Аеродром беше и екипата од Малта, Ла Сал, каде игра македонскиот интернационалец Перо Арсоски.
Аеродром славеше во меѓусебниот пријателски натпревар со убедливи 33-21. Пред стартот на сезоната ќе бидат одиграни уште неколку пријателски натпревари.