Ракометарите на Аеродром остварија победа на гостувањето кај Младост Богданци во 3. коло од плеј-офот во Првата лига и во натпревар со малку голови славеа со 21:22.
Аеродром отвори добро, поведе со 1:3 но Младост не дозволи противникот рано да се одлепи и веднаш израмни на 4:4. Следуваше период на игра гол за гол, а во финишот на првото полувреме домашниот тим обезбеди предност на паузата од 12:11.
И во вториот дел дуелот продолжи во ист ритам, екипите го менуваа водството но тоа беше минимално и на двете страни. Во завршните десетина минути Аеродром успеа да влезе во водство кое го сочува до крај за конечна победа.
Најефикасни во победничкиот тим на Аеродром беа Бојан Николоовски и Иван Митревски со по пет гола. Во составот на Младост Богданци уште еднаш прв стрелец беше Митко Караиванов со девет погодоци.