Аеродром со нова победа, денеска со +25 против Кичево

После победата во Гостивар ракометарите на Аеродром стигнаа до триумф и во Ресен каде што денеска го совладаа тимот на Кичево со 44:19.

Оваа победа беше обезбедена уште во првите 30 минути иако беше јасно кој ќе дојде до победа после неколку минути од играта бидејќи составот на Аеродром успеа рано да се избори за предност.

Според тоа како течеше играта резултатот е сосема реален. Составот на Кичево не можеше да следи односно не успеа рано имаше двоцифрена негатива што беше причина за работите целосно да се сменат.

После 23:9 на крајот од првиот дел во продолжението само беше продолжено во ист ритам односно Аеродром без проблеми влезе уште посилно во средбата и овие плус 14 ги донесе до далеку поголема разлика за конечни 44:19.

Со ова само беше потврдена улогата на фаворит во овој дуел, а новите бодови најавија остварување на амбициите односно пласман во плеј-офот.

АЕРОДРОМ – КИЧЕВО  44:19 (23:9)

Сала: „Зоран Стојановски“ во Ресен. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Гордана Ѓорѓеска од Гостивар.

АЕРОДРОМ: Куртановиќ, Павличковски, Богдановски, Ефтимов 5, Стојановски 1, Љубевски 1, Митревски 3, Попов 3, Михајлов 13, Маркудов 1, Блажевски 2, Пејковски 7, Табаковски 5, Рачевски 2, Ивановски 1.

Седмерци: -, Исклучувања:

КИЧЕВО: Данилоски, Јолески 1, Зафироски, Тошев, Јованоски 1, Петкоски, Крстески 5, Новески 3, Мирчески 4, Јаковлески 1, Анѓелевски 2, Јакимоски, Наумоски, Смилески 2, Михајлоски.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 2 мин.