Тимот на Аеродром ја доби пресметката со Борец од 4. коло во Првата лига со убедливи 24-45.
Борец водеше само на стартот, 1-0, 2-1 и 3-2, а потоа се беше во знакот на избраниците на Дарко Петровски.
Аеродром направија серија од седум голови за 3-9, а до крајот на полувремето успеа да поведе и со осум плус, 13-21.
Во вториот дел разликата само се зголемуваше до конечни 21 разлика, а шанса за настап добија сите ракометари.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димитар Михајлов со девет, како и Климент Ефтимов и Иван Митревски со по шест погодоци, додека кај Борец се истакна Кирил Миленков со 13 голови.