Голманката од кадетската екипа на Вардар, Леа Христоска реши да го напушти вардаровиот тим и во новата сезона да настапува во Женската лига.
Христоска ќе го брани голот на сениорскиот тим на Аеродром, екипа која ќе се натпреварува за првпат во Женската лига и ќе се обиде со млади сили да направи солиден резултат.
Младата голманка беше дел од Вардар неколку години, а изминатата сезона го освои бронзениот медал со нејзините колешки во кадетскиот шампионат.
Аеродром досега имаше женски тимови само во младинските категории, а сега за првпат ќе се натпреварува во сениорска конкуренција.