Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија без извлечени групите за новата сезона во Првата лига.
Ќе играат вкупно 16 екипи, поделени во две групи по осум и ќе одиграат регуларен дел со 14 кола.
По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат плеј-оф и плеј-аут групи составени од по осум екипи.
Главни фаворити за место во бараж се Аеродром од групата А и Вардар Неготино од групата Б, но скопјани добија релативно полесен пат отколку неготинци.
Екипите од 1 до 4 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј-оф групата од осум екипи. Екипите од 5 до 8 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј-аут групата од осум екипи. Победникот во Првата Машка Лига ќе игра еден бараж натпревар со второпласираната екипа во плеј-аутот во Суперлигата.