Тимот на Аеродром минатата сезона имаше шанса за место во Суперлигата, но го загуби на пенали драматичниот бараж меч против екипата на Скопје.
Сега во послаба конкуренција во Првата лига, Аеродром ќе има убава шанса да се избори за висок пласман, па веќе го промовираше првото засилување пред стартот на новата сезона.
Станува збор за левиот бек Никола Анакиевски, кој играше во младинските категории на Вардар, а потекнува од составот на Делчево.
Минатата сезона беше пријавен и за дуелите од регионалната СЕХА лига и настапи против Војводина.
Аеродром во новата сезона од Првата лига ќе биде дел од групата Б, заедно со Риниа, Борец, Партизан Гевгелија, Ангели Волково, Астраион, Голден Арт 2, Металург РА, Преспа и Драчево.