Прволигашот Аеродром е најактивниот прволигаш и тимот предводен од Дарко Петровски полека го склопува играчкиот мозаик.
По продолжувањето на соработката со искусните Марио Лефковски, Мурат Куртановиќ и Андреј Маркудов, Аеродром додаде уште пет нови имиња во ростерот.
Станува збор за пикерот Симон Симоновски и централниот бек Славе Ивановски, кој доаѓаат од младинските школи на прволигашот.
Покрај нив двајца, Аеродром се засили со левото крило Климент Ефтимов и десното крило Димитар Михајлов, како и десниот бек Иван Попов, кои доаѓаат од Металург 2 а претходното беа дел од Торо Спорт од Виница.
Аеродром во новата сезона ќе биде еден од главните фаворити за врвот во Првата лига заедно со Вардар Неготино.