Тимот на Аеродром, кој во следната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција, објави дека е потпишан договор со уште еден нов ракометар.
Во тимот за следната сезона се приклучува и Виктор Панчевски, кој доаѓа од „сино-белите“ од Автокоманда и игра на позиција лево крило.
Аеродромци минатата недела објавија дека потпишаа договори со тројца кадети – Марко Николов, Бошко Ѓорѓиевски и Лазар Гулевски, кои од септември ќе имаат можност да се пробаат и во сениорска конкуренција.
Претходно тимот предводен од Дарко Петровски се договори и со Иво Петровски, Иван Ќурчиев, Стефан Ристоски и Благоја Зафировски.
Од Аеродром најавија и нови млади лица, кои ќе бидат промовирани следниот период и ќе ги бијат прволигашките битки.