Аек од Атина на реванш натпреварот против Горење во Велење во рамките од Европскиот куп успеа да одигра нерешено, 31:31, и си обезбеди пласман во финалето бидејќи на првиот натпревар ракометарите на Аек забележаа победа со резултат 31:29.
Втор финалист во Европскиот куп е претставникот на Шведска, Иштад. Екипата од Шведска триумфираше против Анортозис Фамагуста со четири гола разлика, 26:22. Во првиот меѓусебен дуел, екипата од Кипар обезбеди победа од 26:24.
Аек и Иштад финалните натпревари ќе ги одиграат во текот на месец мај.
Првиот натпревар ќе се одигра во Атина на 15 мај, додека реванш натпреварот е закажан во Шведска на 22 мај. Саатницата за двата натпревари треба да се утврди во следните денови.