Во Лигата на Европа покрај натрпеварот на Металург, во вечерниот термин се одиграа уште два дуели, Адемар Леон го совлада тимот на Висла Плоцк со 32:27, а Спортинг славеше минимално против Кристијанштад со 27:26.
После поразот минатото коло на гостувањето кај Висла во Полска, ракометарите на Адемар Леон одиграа одличен натпревар и се реваншираа на својот ривал. Адемар во првиот дел ја направи клучната разлика за победата кога водеше 16:9. Во продолжението Шпанците рутински стигнаа до победата.
Интересно беше на дуелот помеѓу Спортинг и Кристијанштад, домашниот тим играше добро и го контролираше резултатот во првиот дел. Имаа највисока предност од пет гола, а по 30 минути беше 16:12.
Гостинскиот тим стигна до израмнување во вториот дел, беше на чекор до целосен пресврт но не успеаја до крај. Спортинг во клучните моменти во завршницата направи 3:0 серија за конечен триумф.
Лига на Европа, резултати:
Адемар Леод – Висла Плоцк 32-27
Спортинг – Кристијаншдад 27-26
ГОГ Гудме – Тримо Требње 32-31
Нексе – ЦСКА Москва 32-31
Ним – Динамо Букурешт 32-29
Магдебург – Алингсас 36-21
Татабања – Кадетен Шафхаузен 30-32