Утешната награда за репрезентациите кои не успеаја да се пласираат во вториот круг на Светското првенство е Президент купот, а таму Австрија со денешната победа од 36:22 против Мароко најави кандидатура да освојување на истиот.
Австрија е единствената репрезентација од Европа која се најде во битката за пласман на четвртопласираните селекции бидејќи во групата каде што се најде имаше само состави од стариот континент.
Победата над Мароко е доказ дека влегува како фаворит и ова е најава за атак на висок пласман.
Пред овој дуел на терен беа и составите на Чиле и Јужна Кореја, а во натпревар со дури 77 погодоци Чилеанците обезбедија триумф од 44:33 и тие ќе бидат ривалот на Австрија за првото место во втората група од Президент купот.
Чиле покажа дека напредува постојано така што на Австрија нема да и биде воопшто лесно.