Репрезентацијата на Австрија која е противник во групната фаза на Македонија на Европското првенство ќе ги започне подготовките со 16 ракометари.
Селекторот Алеш Пајовиќ на почетокот на подготовките ќе ги има на располагање само играчите од домашното првенство. Останатите кои настапуваат во Бундес лигата ќе имаат обврски со своите клубови до крајот на годината.
Според тоа репрезентацијата на Австрија ќе биде комплетна на почетокот на наредната година и ќе има многу малку време комплетна да се подготвува пред првиот настап на домашното Европско првенство.
Во пресрет на првенството во погдотвителниот период Австријците ќе одиграат само Германија. Првиот натпревар на ЕП го играат со Чешка на 10 јануари.