Селекциите на Авганистан и Индија како што се очекуваше нема да играат на Азискиот шампионат во женска конкуренција во Јордан од кој се обезбедува пласман на Мундијалот во Шпанија.
Сепак Азиската федерација не остава ништо на случајот и не сака да загуби едно од шесте места на СП за континентот, па ги покани Палестина и Сирија да бидат дел од првенството и бројот на учесници останува 12.
Ако само една земја не се појави на првенството, тогаш Азија губи едно место за СП, а според регулативите тоа место припаѓа на првата резерва од најдобриот континент Европа – Македонија.
Азискиот шампионат ќе се одржи од 15 до 25 септември во Јордан со 12 учесници, од кои најдобрите шест ќе патуваат на Мундијалот во Шпанија во декември.
Сепак има уште десетина дена до стартот на првенството во Азија, ситуацијата се менува од ден на ден насекаде низ светот, па можеби некоја од селекциите нема да игра во Јордан, па ќе се зголемат шансите нашата женска репрезентација да се најде на СП.
The Executive Committee of the Asian Confederation decided to include the teams of Palestine and Syria after the withdrawal of the teams of India and Afghanistan
قررت اللجنة التنفيذية بالاتحاد الاسيوي لكرة اليد ادراج منتخبي فلسطين وسوريا نظرا لانسحاب منتخبا الهند وأفغانستان pic.twitter.com/Bk0iPR9PUm
— Asian Handball Federation (@Ahf__official) August 31, 2021