{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 20Машката кадетска репрезентација на Македонија ја победи Словачка со 27:26 (14:14) во првиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство во Црна Гора и направи голем исчекор кон исполнување на зацртаната цел. Одлична партија во редовите на „црвено-жолтите“ имаше Јован Петрески со осум погодоци, пет додаде Дамјан Митев, додека четири реализации запиша кружниот напаѓач Самоил Ристевски. За избраниците на Наум Танески следуваат натпреварите уште со Швајцарија и Косово. Доколку работите одат според планот, тогаш на Македонија за пласман на кадетскиот континентален собир ќе и биде потребно уште победа во натпреварот со Косово.