📷 Ракометарите благословени пред настапот на СП

Машката македонска репрезентација го одработува третиот дел од подготовките во Хрватска пред настапот на СП 2025.

Денеска гостин на машката ракометна репрезентација на Македонија беше отец Кирко Велински, претставник на Македонската православна црква во Хрватска.

Отец Велински им даде благослов и им посака среќа и успех на македонските ракометари на Мундијалот што стартува в среда.

Во знак на благодарност, македонските ракометари и стручниот штаб му подарија потпишан дрес од националниот тим.

Утре Македонија го има последниот тест пред СП на дуелот со Зеленортските Острови. Момците на Кирил Лазаров се во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.