Ракометарите на Охрид го играат реванш осминафиналето од ЕХФ Европскиот Куп против чешката Дукла Прага.
Во спортскиот центар „Репи“ каде што се игра дуелот меѓу македонскиот и чешкиот претставник има повеќе навивачи на Охрид отколку на домаќинот.
Повеќе од 200 Македонци ќе го бодрат македонскиот претставник на патот до најголемиот клупски успех.
Охриѓани имаат плус девет од првата средба што се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“, кога славеа со 30-21.



























