📷 Иван Димитровски „рипна во тавче“ – Елена Ристеска пееше на свадбата!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Иван Димитровски, покрај титулата од Првата лига и пласманот во елитата, оваа година ќе ја памети и по друг настан.

Минатиот викенд Димитровски „рипна во тавче“, му кажа збогум на ергенскиот живот и отвори ново животно поглавје.

Тој и неговата избраничка Ива Христовска направија свадба во Битола, а за забавата да биде на највисоко ниво се погрижи македонската поп дива Елена Ристеска.

На важниот ден за Димитровски и Христовска беа присутни многу гости, меѓу кои беа поранешни и актуелни ракометари.