Ракометарите на Вардар ја продолжија победничката серија во суперлигашкото друштво, откако славеа против Куманово со 31-21.
На овој дуел имаше интересен двобој меѓу десните крила на двата тима – Дамјан Јакимовски и Гоце Георгиевски.
Тие се вујко и внук, а покрај тимскиот двобој, поискусниот ракометар од Вардар го доби и индивидуалниот двобој.
Интересно е што и двајцата играат на десната крилна позиција и двајцата го носат дресот со број 9.