📷 Данците не препуштаат ништо на случајот – се анализира Македонија до најситен детал

Актуелтниот светски и олимписки првак Данска денеска против Македонија ќе го отвори настапот на Европското првенство.

Иако Данците се големи фаворити, не само за триумф над Македонија, туку и за златото, не препуштаат ништо на случајноста.

Селекторот Николај Јакобсен ги собра денеска неговите избраници за последните подготовки пред дуелот со Македонија.

Во тимскиот хотел тие ги анализираа натпреварите на Македонија од турнирот во Швајцарија и ги бараа нашите слаби страни.

Дуелот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва во салата „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со почеток од 20:30 часот.