📷 „Арена“ зјае празна – од соседите Словенци ни трага, ни глас!

Хрватскиот ракометен сојуз ја избра Словенија меѓу „домаќините“ во Загреб, посакувајќи фановите да ја наполнат „Арена Загреб“, но за жал таа зјае празна.

Иако Љубљана и другите словенечки градови се многу блиску до Загреб, сепак многу веројатно скапите влезници се причината што навивачите на Словенија не се присутни во голем број.

Хрватите продаваа влезници со повластени цени само за мечевите на Хрватска, додека за останатите три групи во Загреб, Пореч и Вараждин по дупло повисоки цени.

Тоа им се враќа како бумеранг, па освен македонските навивачи, има слаба посетеност и од соседната Унгарија.

Организаторите веројатно си ја сфатија сопствената грешка, но барем можат да бидат среќни што и покрај тоа што не ја избраа Македонија за „домаќин“ во Хрватска, сепак ждрепката посака да играме во Вараждин, а не во Скандинавија, па барем нашите фанови ќе им донесат бенефит.