📷🎥Полјаците тврдат: Голот на Алборг не е регуларен!

Драматичниот натпревар меѓу Келце и Алборг заврши реми, 32-32, но голот на данскиот тим што го постигнаа за бод, полските медиуми тврдат дека не е регуларен. Артем Каралек требаше да биде јунак и да го потврди триумфот на Келце, но на пет секунди до крајот шутираше со лоб удар во Ландин.

Тој го одбрани ударот веднаш додаде до Кнор, кој го најде Бустер Јул, кој го погоди голот на Ферлин. Времето на семафорот во салата е веќе истечено, а топката во тој момент се уште е во воздухот и не е во голот на Келце.

Тоа значи дека голот не е регуларен, но овде судиите не гледаа снимка, а на овие средби ја нема технологијата со камера на гол-линијата, што ќе беше од пресудно значење да се добие потврда дека голот не е постигнат во рамките на времето.

Протестираа и ракометарите и стручниот штаб на Келце, но залудно, бидејќи судиите го признаа погодокот, а од полскиот вицепрвак потоа се помирија и најавија дека нема да се жалат во ЕХФ.