Амбициозниот тим на Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, објави дека е потпишан долгорочен договор со голманот од Црна Гора, Небојша Симиќ.
31-годишниот голман и раководството на бундеслигашот се договорија на нова долгорочна соработка, па така Црногорецот во Мелсунген ќе остане најмалку до 2029 година.
Искусниот Симиќ во тимот на Мелсунген пристигна во текот на 2017 година од Кристијанштад и уште во првите сезони покажа дека ќе биде важна алка во бундеслигашот.
Во својата кариера настапуваше уште за Седмерец, Морнар Бар, Ловќен, Лунд и Малме.