🎥 Ваков гол не се гледа секој ден – дали е ова најчудниот во ракометот?

Една необична ракометна сцена го крена интернетот на нозе – гол со глава стана вирален хит на Tик Ток, каде видеото собра над 500.000 прегледи за само неколку дена!

Во видеото, кое го сподели и Европската ракометна федерација, ракометар по спектакуларна акција ја упатува топката директно со глава во мрежата, потег кој наведе многумина да помислат дека е во прашање прекршок. Но…голот важи!

ЕХФ на својот официјален профил видеото го спореди со легендарниот Серхио Рамос, еден од најдобрите стрелци со глава во историјата на фудбалот.

Според официјалните правила на игра на ИХФ, постигнувањето гол со глава е целосно регуларно. Иако е реткост некој да постигне гол со глава во ракомет, ваквите моменти само потсетуваат зошто го сакаме овој спорт – непредвидливост, спектакл и чиста страст на теренот.

Мислењата низ коментарите се поделени – едни аплаудираат на креативноста, други се уште не можат да поверуваат дека ваков гол е дозволен.

Вие што мислите – ремек-дело или среќа?