🎥 Славјето продолжи до рани зори – селекторот се фати за гитара и направи фешта!

По официјалниот дочек на плоштадот во Загреб, хрватските ракометари и селекторот Дагур Сигурдсон го продолжија славјето во поопуштена атмосфера, во еден загрепски ресторан.

За добрата атмосфера беше задолжен бенд кој во текот на вечерта ја изведе и познатата песна „Далматинац сум“, но овојпат со мала, но симболична промена,  стиховите беа прилагодени и посветени токму на селекторот на Хрватска – „Исланѓанец сум“

Моментот дополнително го одбележа Сигурдсон, кој во еден миг ја зеде гитарата и им се придружи на музичарите. Со смеа, песна и опуштена атмосфера, стана јасно колку исландскиот стручњак е прифатен меѓу играчите и колку брзо се вклопи во хрватската ракометна приказна.

Неформалното дружење продолжи во одлично расположение, а сцената со гитарата беше уште еден детал што покажа колку е силна врската меѓу селекторот и екипата и надвор од теренот.