Раководството на Охрид отиде чекор напред и организираше промоција на новиот состав и стручен штаб на брод, плус дружба со спонзорите и медиумите.
Спортскиот директор на Охрид, Славчо Ристески, ги сподели импресиите по освоениот трофеј на Струшкиот турнир, но и го најави одржувањето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ од 19 до 23 август.
„Во Охрид публиката ќе може да ужива во натпреварите во следните пет дена. Доаѓаат пет странски екипи, како и најдоброто од Македонија – Охрид, Вардар и Еурофарм Пелистер. Ќе биде празник на ракометот“, вели Ристески.
Сите натпревари ќе се играат во СЦ „Билјанини Извори“ во термините од 16:30 часот, 18:45 часот и 21:00 часот.
Целата изјава на Ристески погледнете ја во видео прилогот…