Ракометарката на Чаир, Сабрина Фиоре, која игра за селекцијата на Парагвај на Мундијалот во Германија и Холандија, заработи повреда на мечот со Шпанија. Една од противничките ракометарки падна врз ногата на Фиоре, која со силен вресок веднаш стави до знаење дека се работи за нешто сериозно, иако можеше да се движи кон клупата. Таа не влезе до крајот на мечот и со солзи во очите седеше на клупа...

























